речник контакт

Нова победа за футсал екипата на Велес

Уште едно реми за ракометарите.Меморијален кошаркарски турнир во чест на Ацков и Виларов

Петар Печков

Екипата на  Велес  ,,гази,, во Првата футсал лига. Во  петтото коло во Македонска каменица го порази домаќинот Рудник Саса со 13:6.  Стрелици на головите за велешани беа Зоран Левески, Драган Петровиќ,Мартин Тодоровски,Иван Крстевски. Со гол разлика 69: 11 КМФ Велес е прв со 15 бодови колку што има и  екипата на Шкупи. Во следното коло повторно гостување во Скопје,  овој пат на Јувентус Серава кој е трет со 10 бодови. Ова е дерби  натпревар за проверка на квалитетот на екипата.    

 Ракометарите на ГРК Борец на гостувањето во Скопје, против Вардар Јуниор одиграа нерешено 31:31.  Беше тоа натпревар на двете екипи кои се соседи на долниот дел од  табелата. Како  и  пред некој ден против втората екипа на Металург и овој со втората екипа   на Вардар заврши со ист резултат 31:31, полувреме 17:13. Во првите 30 минути и средината на второто полувреме домаќините биел во водство, за да по 24:22, велешани направат серија од 5:1 и поведат 28:25.  Ниту водството од два гола во последните минути 31:29, не беше доволно за славје. Вардар Јуниор израмнува и натпреварот завршува без победник. Ивица Илиев и натаму ,,растура,, овој  пат постигна 9 гола а Ордев пет. Кај домашните Вујачиќ има исто така девет гола, додека  Поповски и Георгиевски  по шест.   По ова шесто коло ГРК Борец останува осми со пет бодови. Во следното  коло, доаѓа лидерот Пелистер.  

 Викендов се одигра и кошаркарски ревијален турнир, во чест на легендите Ацков и Виларов. Учествуваа ветераните на Велес, Кочани, Кавадарци и Битола. Победија, домаќините. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »