Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 декември 2013
На гостувањето во Тетово против екипата на Шкендија младите велешки одбојкарки постигнаа неочекувана но заслужена победа од максимални 3:0 ( 22, 8, 18).
Со ова тие направија серија од три победи за ред и од последното место каде беа до пред три седмици, се искачија на шестото со десет бодови, три победи од седум натпревари.
Првенството продолжува напролет а тренерот Жабев очекува дека ќе имаат сила и знаење да се пласираат во разигрувањето меѓу првите четири екипи.
Tweet |