Петар Печков
Објавено: понеделник, 09 септември 2013
Семејна трагедија се случи во велешкото село Горно Оризари во неделата попладне. Мајка и ќерка загинаа по пад од трактор, додека сосетката се спасила. Сите три оделе на вршење на земјоделски работи, берење на тутун. Според полицијата несреќата се случила на 8-ми септември во 16,45 часот на земјен пат од село Горно Оризари кон Велес, кај месноста викана Карамуслица.
Голема трагедија, втора за половина година се случи во селото. Пред некое време имаше убиство и самоубиство на татко и син во мај, сега ново. Мајка и ќерка загинаа по пад од трактор. Сосетката имала среќа, кога тракторот со приколката се превртел ја отфрлил, па таа преживеа, додека немаше спас за овие две наши соселанки. Цело село е во шок – вели жител на Горно Оризари.
Ќерката Сумера Мустафа (35) која го управувала трактор се превртела заедно со мајка и Игбала Тириќ ( 59 год). Од здобиените повреди, на лице место починале двете жени па кога дошле екипите на Брза помош веќе било предоцна, немало спас. Сосетката која исто така била на тракторот имале среќен ден во животот, возилото ја отфрлило и не ја поколопило. Сумера е мајка на две малолетни ќерки.
Полиција, истражен судија и јавен обвинител биле на местото на трагедијата и се испитуваат причините за несреќата, која одзеде два човечки животи.
Tweet |