Петар Печков
Објавено: четврток, 15 октомври 2015
Локалната власт и ЈКП Дервен ја започнаа есенската акција на распределба на канти за смет. Овој пат како целна група се граѓаните од улиците во населба Керамидна но и од други улици во градот. Тие се делата бесплатно. Деновиве ќе бидат распределени илјада канти, стандардизирани за комунален отпад од 120 литри.
Од нив 800 се зелени за комунален отпад и 200 жолти за отпад од пакувањеЗа поделба на зелени канти за комунален отпад се избрани домаќинствата на следните улици: Луј Пастер, Наце Димов, Павел Шатев, Мите Богоевски, Стефан Димитров, Камка Тоцинова, Кирил и Методиј, Архиепископ Михаил, Коле Неделковски, Мирка Гинева, Белградска.
Жолтите ке бидат поделени на домаќинствата од улиците кои изминатата година беа вклучени во пилот фазата за зелени канти. Доделувањето, евиденцијата и понатамошното постапување со кантите за отпад го вршат надлежните од ЈКП „Дервен“.
Сметот од домаќинствата досега се оставаше во најлонски кесиња на улиците. Сега тоа ќе биде многу подобро во овие канти. Оваа иницијатива ќе се реализира подолг период затоа што треба да се поделат доста. Во зградите уште ќе функционира стариот систем со контејнерите- рече Фиданчо Цековски, директор на ЈКП Дервен.
Минатата година со пилот проект беа распределени 230 канти за смет за жителите од улиците „Костурска”, „Андреја Дамјанов”, „Пајак Планина” и „Партение Зографски”. Годинава теи ќе добијат жолти, кои се наменети за соборање на смет од пакување.
Со доделувањето на кантите за смет се очекува дека ќе исчезнат дивите депонии посебно по улицата Св. Кирил и Методиј и Архиепископ Михаил, каде по отстранувањето на контејнерите на неколку места, секојдневно се фрлаше сметот. Посебно кај училиштето Св. Кирил и Методиј и кај јаворот кај Градскиот саат.
Tweet |