Петар Печков
Објавено: петок, 24 декември 2021
Хуманитарен Новогодишен базар се одржа денес на пладне, на платото пред велешки театар. Организиран од Општина Велес, целта беше рачни изработки да се продаваат и соберат средства за хуманитарни потреби. На базарот учествуваа основните и средните училиште од општината, како и ПОУ Маца Овчарова од Велес и децата од градинките.
На тезгите беа изложени рачно изработени новогодишни украси и честитки од вредните раце на децата, заедно со наставниците и родителите.
Новогодишниот базар во најголем број го посетија децата од училиштата, кои сами ги изработија делата. Собраните средства од продажбата, ги собира секој учесник самостојно и ќе бидат строго наменски- за хуманитарни цели, за што сами ќе оценат поединечно.
Tweet |