речник контакт

Ново раководство на велешките пензионери

Нов претседател Веле Алексоски, кој беше избран со акламација

Петар Печков

Во средата  се одржа Конститутивна седница за избор на претседател, Извршен одбор и други органи на Здружението на пензионери од Велес. Во отсуство на дотогашниот претседателЉубомир Ѓоргиев, седницата, според Статутот на Здружението, ја отвори најстариот делегат, Стојан Кулеџиовски. Дваесет и петте делегати  со акламација го избраа   Веле Алексоски за нов претседател.

По изборот пред присутните ја изнесе својата програма за работа на четири годишниот мандат. Помеѓу другото тој рече дека ќе се залага за преуредување на просториите на Здружението, поправки на зградата, отворање на простории за ограноците каде пензионерите ќе има да се дружат, потоа залагање за отворање на домови за стари лица во руралните средини, а такви објекти постојат, само треба да се обноват.

Ќе се залагам и за достојно подржување на Стратегијата за стари лица, потоа за хуманитарно делување на Здружението кое подразбира не само парична, туку и секаква друга помош на оние на кои им е потребна, поинтензивно дружење со пензионерите од другите здруженија од Македонија, запознавање со многу културни и историски знаменитости во татковината и надвор од неа -  истакна новиот претседател   Алексоски.

Се изврши и  избор на Извршниот одбор и другите тела како надзорен одбор и статутарна комисија.  За претседатели на ограноците, за другите тела како и за делегати во Здружението, па и за делегати во СЗПМ беа избрани сосема нови лица, без ниеден претходен мандат. Единствено само еден делегат е со втор мандат. Така при овие избори во Здружението на Пензионери  Велес отпаднаа пензионерите со стаж на функции од над дваесетина години, со над пет и повеќе мандати. Избрани се повитални и помлади пензионери кои ќе умеат да допринесат нешто повеќе за добробит на своите членови.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »