Петар Печков
Објавено: недела, 12 ноември 2017
Во почетокот на 70-тите години во прославата за ослободување на Титов Велес се вклопи и спортскиот дел. Ние како одбојкарски Клуб „Борец„ бевме почестени и повеќе години за ред игравме ревијални натпревари. Гости беа: ОК „Струмица„, ОК „Југохром„, ОК Работнички, екипата на гарнизонот „Алексо Демниевски-Баумен„ како и ОК „Вардар„ чија екипа во тие години беше една од најдобрите во Југославија.
Токму на прославата во 1972 година за да можеме некако да и се спротивставиме на поканетата екипа на ОК „Вардар„, управата реши да состави екипа од најдобрите, од ОК „Борец„ со најдобрите играчи тогаш од другите екипи од Македонија, па направиме репрезентација која ќе се спротивстави на вардарци. Овој потег на ОК „Борец„ повеќе во Македонија не го направи никој.
Од ОК „Борец„ настапија: Ацо Жабев,Никола Зафиров, Владо Диневски, Ангел Жабев и Орце Стојков. Средбата се одигра на 08.11.1972 година во салата на ОУ „Васил Главинов„. ОК „Вардар„ победи со 3:1. За гостите играа Трифун Трифуноски, Боѓиќ Сергеј, Макеларски Љупчо, Владимир Богоевски, Зоран окузовски, состав кој по две години стана првак на Југославија.
Тренер на Репрезентацијата беше Ордан Димов а судии: Никола Поп Златанов и Мемич. Тогаш претседател на ОК „Борец„ а и 13 години вкупно, пред и потоа беше Др. Никола Стојков.
Сеќавање на Владо Диневски
Tweet |