Петар Печков
Објавено: сабота, 28 декември 2013
Од секогаш ми претставуваше голема чест да играм за репрезентацијата на Македонија, за која имам настапувано на околу 50-тина натпревари. Можеби мој пропуст е што чекав да ми се јави селекторот или, пак, некој од Федерацијата за да им соопштам дека нема да настапам во оваа акција.
Тоа е бидејќи не сум во тренажен процес и изминативе осум месеци сум одработил десет тренинзи, а по ненаоѓањето странски ангажман сезонава одлучив да ставам крај на мојата играчка кариера.
Тоа што настапував за Пробиштип беше на аматерска основа со играње само на првенствени натпревари и покривање само на патни трошоци. Во моментов интензивно барам егзистенцијално решение во друга област и за два дена ја напуштам државата“, вели Гинов во информацијата за јавноста.
Тој потекнува од екипата на Борец, од одбојкарското семејство Гинови, играше повеќе години во првакот на Македонија Работнички Фершпед а имаше и настапи за екипа на Какањ од БиХ за која играше и во меѓународните купови, исто како и со скопски Работнички.
Tweet |