Петар Печков
Објавено: среда, 05 октомври 2016
На прашањето од Петре Саздов дали е можно д а се постават забавувачи, кај народот познати како легнати полицајци во месноста Речани и населбата Превалец одговорот од локалната власт е: За поставување на средства за забавување на брзото возење потребно е да се изготви проектна документација и одобрување од МВР СВР Велес. Стручни служби ќе излезат на терен и направат увид и доколку има услови, да се пристапи кон изработка на проекта документација.
Нада Трајкова праша дали е можно во дворот на поранешното ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот да се постави урбана опрема, одговорот е: Општина Велес планира поставување на урбана опрема во близина на дворот, бидејќи тој е заграден и со физичко обезбедување ангажирано од Општината.
Советникот Ангел Димов праша дали ќе се постави осветлување на улица Хаџи Косте во населба Речани а одговорот од локалната власт е: Во тековната 2016-та година, од ставката проширување на мрежи, ќе се постават нови светилки на оваа улица.
Живе Катранџиев праша дели е можно во летниот период градскиот сообраќај наместо до21 часот, да сообраќа до 22 ч. Одговорот од надлежните од општината е: Промена нa возен ред прави исклучиво превозникот, претходно по доставено барање до Општината за регистрација нa возен ред.
Tweet |