речник контакт

Од година во година, помалку пожари во Велес

Превентивното делување, работата со граѓаните дава резултат

Петар Печков

Бројот на  пожари  во велешко од година во година с е намалува.  Ова го покажуваат бројките од Против пожарната  единица  од Велес.  Во последните 10 години бројот на   пожари е намален за 50 отсто, додека од 2012 до 2014-та за 30 отсто.   Намалувањето се должи на превентивното делување, објаснуваат од ТППЕ од Велес. 

Едукацијата, зближувањето со граѓаните даде плод.   Бројот на  пожари се намалува, превентивата дава резултати.  Најчесто пожарите се предизвикани  од неисправната  електрична инсталација и неисчистените оџаци - вели Љупчо Лепидовски,командир на ТППЕ.

Најголемиот проблем во нивната  работа  е специфичната конфигурација на теренот во Велес,  тесните улички. Лани во Велес имаше две изгорени куќи до темел а една жена во нив и  го загуби животот.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »