речник контакт

Општина Велес во долгови од 2,75 милиони евра, Димовски користел општински автомобил за пратенички потреби

Во Општина Велес имало 70 вработени а во ЈКП Дервен 300, плус 90 времени вработувања во двете институции. Од вработен во Општината добил CMC порака дека ќе го бесат на Сармаале заедно со Заев

Петар Печков

Градоначалникот Аце Коцевски ја одржа првата прес конференција, на која зборуваше  за состојбите во Општина Велес, кога тој ја преземал локалната власт, како ја затекнал. Потенцираше дека  состојбата во локалната власт е полоша отколку што се надевал.    

Долговите се  многу повисоки и констатиравме расипничко и неодговорно, како од избраните функционери, така и од вработените во општинската администрација. Тоа  не беше случај  кога Горан Петров ја напушташе функцијата градоначалник, што ќе рече дека овие долгови се направени во времето и мандатот на претходниот градоначалник Славчо Чадиев.  Кај дел од вработените, констатирана е работа во корист на политичка партија во тек на работно време , при што биле направени кривични дела.  Еден од нив бил фатен како во компјутерскиот систем  ги менува податоците за други лице, кога доаѓале  на работа. На други лице му се одземени лап топот и службениот мобилен, за да се испита неговата работа а предметите се на вештачење во Скопје.  Еден од вработените во општинската администрација  во кампањата  ми испрати заканувачка порака со следниот текст,,Поздравете си го лидерот од Муртино, и тој што пушта  паричиња од амбасадата, ама пред Велес да биде двојазичен  нив и Вас, ќе ве бесиме на Сармаале,,. И сега јас со овој млад државен служебник треба да комуницирам и работам а тој да ме беси – истакна Коцевски.  

Тој посочи и на други незаконски дејства кои ги правеле вработени во локалната администрација.   Делеле летоци на политичка партија во  работно време,  секретарот и потпретседателот на Општинска изборна комисија –Велес во тек на изборна  кампања на терен агитирале за еден  од кандидатите за градоначалник, иако тоа било строго забрането оти тие кога  ја прифатиле функцијата требало да се дистанцираат од било какви политички активности заради интегритетот на ОИК.  

Констатирани биле и злоупотреби при користењето на службените автомобили на општина  Велес.  Коцески го обвини  пратеникот Илија  Димовски дека  користел општински автомобили и шофер за пратенички работи.   Тој побара од полицијата и обвинителството да ги истражат дејства на кадрите  на ВМРО-ДПМНЕ во локалната власт.

Димовски имал привилегија, вработен во општинската администрација, кој   потоа е префрлен во ТППЕ да му  биде личен возач. Ако на Димовски како пратеник и координатор на пратеничката група му следувало службено возило, тоа требало  да го добие од Собранието на Република Македонија, не  од Општина Велес.  На овој начин користејќи услуги   на вработен во општинска администрација, како личен шофер, при тоа  штимајќи ги податоците како да го вози градоначалникот, за да му се признаат прекувремените саати , сериозно е оштетен Буџетот на Општина Велес – рече  Коцевски.  

Тој не кажа во која вредност е оштетена локалната власт, но потенцираше дека граѓаните се општени за многу тротоари, водоводи, канализациони системи. Коцевски посочи и дека претходниот претседавач на Советот, користел општински автомобил, без никакво  одобрение.    

На Претседателот на Советот на Општина Велес во претходниот  мандат  Александар Колев, спротивно на Правилникот со кој е изричито забрането лице кое не е вработено в о општината да управува со службени  возила, му било одобрено да користи  службено  возило ,,ситроен 3,,.  

Во  документацијата  не е констатирано кога го презел,  со која километража. Познато е дека  го возел  долго за приватни цели, го зарибал , оштетил трајно и е продадено  на лицитација.  Нема патни налози,  нема документација, за целата на користењето- истакна Коцевски.  

Во Општина  Коцевски кажа дека има 70  вработени  на недоредено време и 19 пожарникари. Преку агенцијата за времени вработувања се ангажирани 41 лице.  Во ЈКП Дервен имало 300 лица вработени и 49  преку Агенцијата за времени вработувања.   Коцевски потсети кога тој ја напуштил функцијата градоначалник во 2009-та   имало 49 вработени за во ЈКП Дервен 230 вработени. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »