речник контакт

Планинарите трасираа нова планинарска трансверзала

Ги поврзува Папрадиште и Горна Белица – Македонски Брод, во должина од 25 км

Петар Печков

Волонтери на Еколошката Групација Зелена сила и Планинарското Друштво  Папрадиште, минатиот викенд,  на 23 и 24 октомври за прв пат трасираа/мапираа нова планинарска трансверзала од  селото Папрадиште  до Горна Белица - Македонски Брод.

Вкупната должина на патеката е 25 км во еден правец, време на движење во мала група до 6 луѓе, од 9 до 9.5 часови, висинска разлика 1100 метри. Почетна точка село Папрадиште на 1000 м. н .в., највисока точка 2100 метри(под врв Даутица), најниска висинска точка Горна Белица - 600 м. н. в.

Ова е значаен момент за нас - ЕГ Грин Пауер и ПД Папрадиште и наша прва трасирана трансверзала во чие мапирање учествуваа шест доброволци - Новко Ѓорѓиевски, Емил Смилев, Дејан Николовски, Игор Жантевски, Гоце Церски и Игор Смилев – објаснуваат организаторите

Ден потоа, на 24 октомври -понеделникот,  тројца доброволци  Новко, Игор и Дејан, со несмалена страст, пламен,елан и жестокост по втор пат  поминале  2/3 од патеката за да се отстранат сите нејасности и пречки на патот до Горна Белица. 

За два дена вкупно поминале  околу 53 километри и 20 часови одење. Напролет следува маркирање на оваа патека и нејзина официјална промоција!

Во следниот месец планираат  конечно трасирање и на нивната втора трансверзала од Планинарскиот дом Папрадиште до планинарскиот дом Стровија -Општина Долнени, Прилеп.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »