Петар Печков
Објавено: петок, 16 јуни 2017
Четвртокот 15 јуни во 17.15 часот на регионалниот пат Демир Капија – село Миравци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мицубиши Лансер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С. (30) од Демир Капија и мотоцикл „Пежо“ без регистарски ознаки, управуван од Б.Ш. (53) од Демир Капија.
Во незгодата со тешки телесни повреди се стекнал Б.Ш., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Здравствен дом Неготино, од каде по укажаната медицинска помош бил препратен во Јавна здравствена установа Велес, каде е задржан на понатамошно лекување, информираа од МВР.
Tweet |