Петар Печков
Објавено: четврток, 18 јули 2019
По барање на жителите од регионот Азот, Ореше, Папрадиште, Нежилово, Општина Чашка се обратила до МЖ Транспорт за повторно активирање на железничкото стојалиште Ореше, а во пресрет на летниот период.
Од 11 јули на железничкото стојалиште ОРЕШЕ е повторно во функција. Застануваат следниве возови: Скопје -Битола со време на тргнување од Скопје во 6:40 ч. на стојалиште Ореше е во 8,53 и од Битола- Скопје со време на тргнување од Битола во 18:10 ч. на Ореше е во 20,05ч.
Tweet |