Петар Печков
Објавено: сабота, 31 март 2018
Вчера попладне, петок, возот од Скопје кој сообраќа за Кочани бил каменуван. За ова сведочат патници кои патувале со него.
Кога стигнавме на железничка станица Драчево, возот сопре и побара да се преместиме во друг воз, оти овој бил каменуван. Било скршено стаклото од левата страна. А патувавме со новиот кинески воз. Се качивем во гевгелискиот и го продолживме патувањето за Велес - вели патник во возот.
Од МЖ информираа дека кочанскиот воз го продолжил патувањето, по еден час, по извршениот увид од страна на полицијата. Од каманувањето е сторена материјална штета.
На 30.03.2018 година во 16,50 часот од Железничка станица-Лисиче во правец кон Железничка станица-Драчево, на околу 30 метри пред рампата за населба Драчево, од страна на непознато лице каменуван е патничкиот воз кој сообраќа на релација Скопје – Кочани, при што е скршено едно стакло. Повредени патници нема - информираа од МВР.
Tweet |