речник контакт

Порази за ракометарите и одбојкарите во плеј оффот

Во разигрувањето за шампионската титула, настапи има и ракометарите и одбојкарите на Борец. И двете екипи беа неуспешни.

Петар Печков

Ракометарите дома загубија од лидерот Металург   со 32:35 (16:19). Гостите играа толку колку треба за победа.

Постојано беа во водство, највисокото од 7 гола предност    23:30, за на крајот да прокнижат нови три бода за останување на првото место со победа од три гола разлика.

По паузата од два натпревари поради повреда во екипата се врати Димитриевски со 9 гола, 8 гола за Павловски и  7  имаше Илиев. Кај гостите најефикасен  9  гола даде Обрадовиќ.

По ова четврто коло Борец е последен во оваа лига каде шест екипи се борат за титулата првак на Македонија. Следниот викенд се четвртфиналистите натпревари од купот а ГРК Борец немаше среќа па за противник го доби скопски Вардар. Со него ќе игра во петтото коло на крајот од април во Скопје. 

Започна и разигрувањето за шампионската титула во одбојкарското првенство. Во полуфиналето, во првиот натпревар игран во Пробиштип, истоимената екипа со максимални 3:0     (25:16; 25:18; 25:23) го победи ГОК Борец.  Втората средба се игра следната среда во Велес а во финале оди екипата која ќе забележи две победи. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »