Петар Печков
Објавено: сабота, 16 април 2022
Фудбалерите на ФК Борец забележаа победа во 28-то коло од Првата лига. Славеа дома со 2:0 против екипата на ФК Струга ТЉ, која беше 8-мо пласирана. Головите за домашните ги постигана Ѓорѓевиќ во 64 и Ѓорѓиев со 77 од пенал. Тој имаше можност повторно од удар од 11 м да го зголеми резултатот, но не беше прециозен. Во судиското продолжение домашниот фудбалер Николовски заработи црвен картон.
Оваа победа е четврта во првенството и доаѓа после пет месеци пауза, после десет кола, претходната беше на 8-ми декември лани во Битола над ФК Пелистер. ФК Борец останува претпоследен со 18 бодови. Останатите средби од ова коло, се играат утре.
Лидерот на Втората лига Исток, ја наполни мрежата на фенерџијата ФК Локомотива до Градско со 8:0. Тоа бе натпревар од 23-то коло. Во следното коло, во Градско гостува екипата на ФК Кожуф од Гевгелија, која е петто пласирана.
Tweet |