Петар Печков
Објавено: петок, 25 март 2011
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пеце Грујовски прочитал за настанот, големиот пожар на улица 11 Октомври, во весникот „Дневник“ и пројави желба да ги запознае пожарникарите, да разговара со нив и за настанот.
Грујовски во друштво на Ицо Лазаревски член од извршниот одбор на УПОЗ ги посети пожарникарите и им врачи пофалница и подарок. Решо и два сервиси за кафе, за да има што да пијат и каде да го сварат, кога ќе немаат работа. И посака да имаат што помалку интервенции.
Tweet |