Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 јуни 2019
Петокот околу полноќ, жител на населбата Превалец загина во сообраќајна несреќа која се случи на новиот автопат Миладиновци - Штип. Ќире К. (31 год) починал на лице место.
На 07.06.2019 во 23,35 часот било пријавено дека на автопатот Свети Николе -Штип кај селото Криви Дол се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Мерцедес E-320“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(47) од Штип, мопед скутер “Хамаши-50“ без регистарски ознаки, управуван од К.К.(31) од Велес, патничко моторно возило „Ауди A-4“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.К.(51) од Штип, и патничко моторно возило “Опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(28) од село Соколарци Општина Чешиново -Облешево. Возачот на мопедот починал на местото на настанот. Возачот и сопатниците од возилото „Мерцедес“, М.Ј.(45) и две лица на возраст 15 и 13 години се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница- Штип за укажување на лекарска помош - информираа од МВР.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Штип по што ќе бидат познати причините за несреќата.
Tweet |