Петар Печков
Објавено: среда, 29 мај 2013
Осумината осомничени од акцијата ,,Ливидација,, добиле притвор. Седумина се во истражен затвор поранешниот а поранешниот судија од Врховен е во домашен притвор.
И.Т. (52) судија во Основен суд Велес, Б.Н. (72) поранешен судија од Врховен Скопје, Т.К.(48) главен уредник на списанието „Репортер“ од Скопје, Ј.П. (46) лице познато од скопското подземје, како и против В.З. (50) поранешен истражен судија при Основен Суд Велес, И.Е. (51) Јавен Обвинител во Велес, С.Л. (50) адвокат од Велес и С.Џ.Х. (42) сопственик на кафеана, МВР ги товари за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „примање поткуп“, „противзаконито посредување“, „поттикнување“, „помагање“ и „соизвршителство“ од КЗ на РМ и „неовластено оддавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите кои се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица“ од Закон за заштита на сведоци.
Дел од адвокатите на притворените велат дека нема цврсти докази, дека делата за кој се товарат нивните клиенти не ги сториле и се тешки за докажување.
Tweet |