Петар Печков
Објавено: среда, 10 октомври 2018
Во медиотеката на салата ,,Бели Мугри,, денес беше промовирана книгата ,,Златоусно слово,, од проф. д-р. Васил Тоциновски. Книгата е историско книжевни студии во издание на Битолски книжевен круг и добитник на наградата ,,Книжевен круг 2018,,.
Книгата е мој експеримент во настојувањата на компаративно книжевно проследување, меѓу македонската литература од една и Балканските литератури од друга страна. Тоа е продолжување на моите претходни книги. Споредувања на македонската литература со другите литератури, автори, процеси, манифестации. Се споредуваат низ различни простори и времиња. Иако со задоцнет развој ние сме биле рамноправен книжевен партнер во Европа. Кај нас отфрлениот и заборавен автор Милисав Димитриевиќ Дримколски, кој иако пишувал на српски на јазик, а сите негови дела се на македонска тематика и негова најголема љубов е Македонија. Со кој некој си два право да каже дека тој не припаѓа на македонската литература - кажа Тоциновски.
Во делото авторот Тоциновски се бави со литературата од 17 век па наваму и е резултат на архивски истражувања, најмногу во Српските архиви дел и во Хрватските.
Истражувањата на д-р Тоциновски се простираат на повеќе полиња од македонистиката. Тој е зналец и активен творец во областа на литературната наука. Тоциновски го следи книжевниот пулс и на научен и на уметнички план во земјата и во странство. Секогаш ја остава вратата на своите истражувања, никогаш не става капак на научните истражувања. Книгата содржи 20 написи презентирани на повеќе научни трибини. Секој напис има свој микро свет - рече промоторот проф. Васил Дрвошанов.
Tweet |