Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 декември 2015
Екипата на ГРК Борец направи големо изненадување во „Кале“ совладувајќи ја екипата, Вардар јуниор со 29-26 во натпревар од 13. коло во машката Супер лига.
Вардар јуниор поведе со 3-0 на овој меч, Борец успеа првпат на мечот да изедначи, на 5-5.Така беше до крајот на полувремето, Вардар јуниор поведуваше а ГРК Борец израмнуваше па на полувреме се замина со 13-13.
Вториот дел со полетна игра на велешани и прво водство од 17:14 младите Вардарци вратија со серија од 4 (18-17),но само на кратко. И двете екипи наизменично водеа, за да во 45-тата минута Борец поведе со 24:21. Овие три гола предност велешките ракометари ги сочуваа до крај, за голема победа над Вардар јуниор, кој во првиот натпревар во Велес беше убедлив со 33:17.
По 8 гола кај Борец постигнаа Игнов и Стојановски ( три од седум метри),а по пет Мачавелов и Ивица Лазаревски.
По 13. коло Борец со 13 бода е седми. Во последното коло од овој дел на првенството, пред зимската пауза во сабота во Велес гостува скопски Работнички, кој има големи аспирации и се наоѓа на 4-тото место со 27 бодови.
Tweet |