речник контакт

Реосветен обновениот дел од црквата Св. Спас (фото)

Чинот го изврши Митрополитот Повардарски Владиката Агатангел

Петар Печков

 Се реосветни црквата Св. Вознесени Христово, Св. Спас  која претходниот месец  се реновираше по иницијатива на МПЦ - ОА  Повардарска Епархија а  со донација од православните верници од велешкиот крај.

 Утрово беше реосветен новиот жртвеник, иконостас и иконата на Св. Тома, чин кој го изврши Митрополитот Повардарски Владиката Агатангел .

Црквата Св. Спас,  на левата страна од градот, се обнови, се промени на дрвенаријата, патосот, олтарниот дел, се постави подно греење,  промена во боите на иконостасот, смена на прозорите, како и мермерно обложување на престолот.   Целосната реконструкција е изведе  со донации од  неколку велешки фирми. Последната обнова храмот ја имаше во 1980-та година а претходно 1931 година.  

Свети Спас е црква изградена во подножјето на ридот Свети Илија. Се претпоставува дека потекнува од 14 век, а е обновена во 19 век. Последните зографски работи ги извел прочуениот велешки зограф Ѓорги. Иконите и иконостасот во црквата по големина се еднакви и претставуваат симетрично декоративна целина. Иконата на Ное потекнува од 1817 година. Иконата на свети Петар и Павле датира од 1819 година. Камбанаријата не е постара од 1912 година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »