Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 јули 2017
Со сведочење на сведоци на одбраната, во Оснонен суд Велес продолжи судењето на тројцата обвинети доктори, за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе. Сведочеше Митко Поп Кочов, матичен гинеколог на Кадиева.
Таа немаше потешкотии во текот на бременоста. Но поради тежината на работата, стоејќи во казино и болки во стомакот и дадов боледување, кое подоцна беше продолжено од Комисијата. Кадиева беше совесна пациентка, но беше трауматизирана од првото породување, кога со вакуум било вадено бебето. И сакаше да се породи со царски рез. Таа имаше патолошки страв од породувањето – рече д-р Поп Кочов.
Како сведок се појави и Снежана Чурлинова, сопственик на ресторан, каде двајцата анестезиолози, критичниот ден на 22 октомври 2015-та имале ручек.
Ги познавам и д-р Ванчев и сега починатиот д-р Јовановски. Томче дојдоа нешто по 16 ч. откако започнав да работам во смена. Седеа два часа не пиеја алкохол, ручаа беа гладни и пиеја вода, ручаа ребра, салата – рече Чурлинова.
На претходното рочиште, келнерот во кафетерија од Гевгелија, кажа дека докторите околу 18,30ч. дошле како гости, полупијани.
Судењето за смртта на Маја Кадиева и нејзиното бебе продолжува во средината за септември.
Обвинети за смртта на родилката се анестезиологот Томче Ванчев (56 год) од Гевгелија и гинеколозите струмичаните Венци Чалков (50 год) и Дончо Москов (59год), за ,,тешки дела против здравјето на луѓето,,.
Tweet |