речник контакт

СДСМ - Дајте ни глас да го промениме Велес (фото)

На партиска конвенција одржана во Општинската сала, СДСМ ги престави нивниот кандидат за градоначалник, Аце Коцевски и кандидатската листа од 23 советници

Петар Печков

На партиска  конвенција одржана во Општинската сала,  СДСМ ги престави нивниот кандидат за градоначалник, Аце Коцевски и  кандидатската листа од 23 советници.  

Водителката на настанот присутните ги именуваше со ,,другарки,, .

Беше претставена  листа на потенцијални советници која ја сочинуваат:  1.Ненад Коциќ 2.Душко Петров 3.Весна Стојанова Богоевска 4. Ќирил Гајдов 5.Менхур Бачевац 6.Вероника Ивановска  7.Маја Хеско  8. Максут Бакиовски 9. Стево Крстевски 10.Пандорка  Лазарова Прличкова 11. Миле Нацев 12. Марко Илиев 13. Маја Стојанова 14.Ахмед Аљуш 15. Зоран Ѓуровски 16.Александра Петрушевска 17.Златко Малинов 18.Емил Трчков 19.Надица Калаузарова 20. Дијана Јаневска 21.Цветанка Атанасова 22.Гроздана Анева Ѓорѓиевска 23. Благој Костов

Пратеникот и претседател на Општинската организација на СДСМ Велес Панче Иванов  се обрати пред присутните и побара поддршка за мандат на Коцевски во битката да го вратат градот 

Изминатиот период некој од Вас во прашање ја доведоа својата егзистенција, некому му беше загрозен и живот. Сите имавме една цел, да ја ослободиме Македонија од злото  кое ја навјаса. Првиот чекор го направивме   на 11-ти декември, кога го симнавме режимот кој ја покори државата.  За неколку месеци покажавме што е одговорна власт. Создаваме позитивна клима за живот за сите. Го донесовме Законот за  минимална плата, ја воведовме евтината тарифа на струјата, го решивме  проблемот на стечајните работници, го укинавме  екстерното тестирање,  ја укинавме радиодифузната такса, воведовме одмор за финансиски загрозените работници. Го ослободивме стопанството од притисокот и рекетот.   Потребен ни и уште еден чекорот за слободно да дишеме а тоа е добивање е на локалните избори за младите кои  избегаа  да се вратат во Велес – рече Иванов.   

Зошто одлучив од невладин сектор да се приклучам на оваа коалиција?  Прво, не можам повеќе да гледам како една иста група луѓе со години одлучуваат за овој град  и како  искористувајќи ги позициите во своите партии, го деградираат Велес. Второ, чувствувам дека Велес заслужува и може подобро, а ние сме тие што треба да го кренеме бајракот и да го поведеме Велес кон подобра иднина, како поубав, почист и поразвиен град. И трето, со своето застанување на чело на оваа коалиција сакам да ги охрабрам сите оние кои немале можност, а  знаат и сакаат да работат за доброто на овој народ да ни се придружат. Чувствувам дека Велес и Македонија имаат шанса која не смеат да ја испуштат, а ние треба да го дадеме својот максимум за Велес и Македонија да станат дел од современото Европско општество. Ова е држава на нашите дедовци кои со песна во устата ја  создадоа, нема да дозволиме никој да ја уништи. Она што можам да го ветам е дека ќе работиме чесно, одговорно и пожртвувано. Дајте ни глас и ќе го промениме Велес!!!  – рече Коциќ, носител на листата  на коалицијата на  СДСМ.  

На завршувањето на партиска конвенција се обрати  кандидатот за градоначалник Аце Коевски. Тој образложи зошто се нафатил да бие повторно кандидат и наброја дел од неговите приоритети.  

Благодарност упатувам до членовите на СДСМ кои во сите МО ме евидентираа за кандидат за градоначалник. Особена благодарност упатувам до граѓаните кои сите овие години ме поддржуваа, храбреа и поттикнуваа се биде кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата е голема чест. Зошто прифатив пак да бидам кандидат Република Македонија помина низ еден тежок 11 годишен период во кој беа загрозени многу вредности: демократијата, човековите права и слободи, слободата на говорот, меѓуетничките односи. Народот беше и за жал се уште е многу поделен. Општеството беше партизирано до крајност Царуваа криминалот и корупцијата. Евроатлантските интеграции беа замрзнати.  Ете затоа јас одлучив да се ставам на располагање, за да победиме, за да го направиме животот поубав, за моите, нашите, вашите деца својата сегашност и иднина да ја градат тука во Велес, во Македонија, а не некаде во белиот свет.  Наместо да си го гледам својот личен интерес, да седам дома во удобна фотелја, да гледам сеир и да наоѓам мани, се одлучив да дадам скромен придонес за стабилен развој на Велес и на Македонија. Тие многу ме повредија не само мене туку и моето семејство, но не ме уништија.  Напротив - ме направија уште посилен, помудар, поотпорен. Во изборната програма предвидуваме многу проекти со чија реализација Велес ќе биде убаво, посакувано место за живеење. Ги издвојувам следните:Трговско- деловен центар Градски пазар, Катна гаража во центарот на Велес, Гасификација на Велес, Атмосферска канализација за прифаќање на големите води кои се слеваат на улица Благој Ѓорев, подобрување на сообраќајот во градот, продолжување на кејот на Вардар, колекторски систем и пречистителни станици за фекалните води, градски паркинзи над железничките пруги во Велес, бројни угостителски, забавни и занаетчиски содржини покрај Вардар со проектот Велес на кеј, Трговско деловен објект Градски саат, дислокација на гаражите на ЈКП Дервен и изградба на ново основно училиште во нас Тунел, заобиколен пат од Башино село до Превалец,  затворен пливачки базен во дворот на ООУ Васил Главинов. Јас ќе водам позитивна кампања иако тие веќе почнаа со црна кампања против мене. Го чувствуваат расположението на граѓаните, ги знаат резултатите од анкетите па во црните кампањи наоѓаат спас.  Но сега не можат да заплашуваат и затоа ништо нема да им успее. Ние ќе победиме и тоа убедливо, уште во првиот круг, како што и секогаш сме победувале. Иако општината е презадолжена со околу 3 милиони евра се надевам дека ќе најдеме финансиски средства од буџетот, од државата, од ЕУ и од други донатори за да ги оствариме сите наши идеи. Ви ветувам дека функцијата градоначалник ќе ја извршувам чесно, одговорно, домаќински, со голема љубов и посветеност Велес ќе биде општина без корупција. Велес ќе биде убава посакувана општина за живеење, европска општина на задоволни и среќни граѓани, со високи вредности и стандарди со која сите ние ќе се гордееме. Општина во која младите ќе сакаат да останат, да создаваат и да ја градат својата сегашност и иднина - порача Коцевски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »