речник контакт

Сабота во 18,11 часот започна зимата

Денес сабота е најкраткиот ден во годината, трае само 9 часа и 7 минути

Петар Печков

 Cабота, на 21 декември 2013 година, во 18 часот и 11 минути, во Република Македонија и на северната полутопка почнува зимата, а на јужната полутопка започнува летото. Воедно, саботата на северната полутопка ќе биде најкраток ден во годината (краткоденица), а на јужната полутопка ќе биде најдолгиот ден (долгоденица).

Во Република Македонија, најкраткиот ден  трае само 9 часа и 7 минути. Ноќта пак (21.12-22.12), ќе биде најдолга за 2013 година и ќе трае цели 14 часа и 53 минути. Веќе од недела (22.12), ноќите ќе почнат да се скратуваат за по околу 2-3 минути, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат деновите и тоа до 22 јуни 2014 година.

Bо сабота, Земјата ќе биде во перихел – најблиску до Сонцето (на околу 147 милиони км), што особено ќе го почуствуваат жителите на јужната полутопка преку високите летни температури во тој дел.

Деновиве, интересна појава е изразито светлата Венера која се гледа на западниот хоризонт по заоѓање на Сонцето, што предизвикува внимание и восхит.

Ви посакуваме на најубав начин да ја искористите најдолгата ноќ во 2013-та година од речиси 15 часа!

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »