речник контакт

Сања Бачманова е Вешта жена на Велес за 2016-та (фото)

Учествуваа пет жени, сите со маси наменски подготвени за Денот на вљубените

Петар Печков

Сања Бачманова е вешта жена на Велес за 2016-тата година. Таа победи во конкуренција на уште четири други учеснички во подготвување на ручек за четири лица и уредување на маса. Иако настапува за прв пат, таа го погоди вкусот на жирито и  се здоби со победничката титула.  Нејзината маса беше  именувана ,,Љубовна идила,,. 

Во пресрет на  празникот на вљубените подготвив  тематска маса.  Солен куглов како предјадење,заедно со поховани мини пирошки и полетни ајварски пипреки с о кашкавал. Главното јадење е ролат од свинско и пилешко месо полнето   со јајца. Се е  моја  креација и замисла,  лично моја, од типот што  дојде при рака, што се најде се по  дома - рече Бачманова.

Таа и останатите 4 учеснички како награда добија 8 дневен престој во Парга - Грција, каде н а почетокто од јуни ќе се дружат со сите вешти жени учеснички од 22-та града каде манифестацијата се одржува.

 Оваа година манифестацијата Вешта жена на Македонија  слави јубилеј 25 години од постоењето а во Велес 20 години. И за прв пат годинава се започна со нова пракса, прогласување на најдобрите жени од градовите, каде се одржува.

Во Велес признанија добија Марта Мирова како моден креатор и сопственик на моден бутик за жени, директорката на ОУ Васил Главинов Лилјана Николовска и Васка Ѓорѓиева основачот на Вешта жена во Велес.  

Беше промовирана и брошурата ,,Рецепти од Етно вешта жена,, каде има стотина  старински рецепти од сите градови каде се одржува ова манифестација.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »