Петар Печков
Објавено: вторник, 25 септември 2012
Признанијата 9-ти Ноември се доделуваат на поединци, органи, организации, здруженија на граѓани и заедници чие дело и постигнати резултати се од значење за Општина Велес и нејзината афирмација во земјата и светот.
Кандидатите за Деветоноемвриски признанија, делото за кое се предложени, да го афирмирале во јавноста. Предложениот кандидат да е жител на Општина Велес или тематски неговото дело да е поврзано за Општината Велес.
Наградата за животно дело „Гемиџии“ се доделува на поединци за постигнати резултати во развојот и афирмацијата на Велес во државата и надвор од неа. Предлози за доделување на 9-то Ноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ можат да поднесуваат органи, организации, политички партии, здруженија на граѓани и поединци. Предлозите се доставуваат до Совет на Општина Велес, Комисија за општествени дејности на ул. „Панко Брашнар“ бр.1 Велес или лично најдоцна до 19 октомври 2012 година.
Награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ се доделува на студент од Општина Велес со завршена најмалку втора година од студиите на некој од универзитетите во Република Македонија и акредитираните универзитети во земјата и странство. Предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ може да поднесе секој граѓанин на Општина Велес и самиот студент.
Кандидатот за награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ треба да ги исполнува следните услови: да е жител на Општина Велес; да има просечен успех во текот на целото студирање од најмалку 9,5,
Tweet |