Петар Печков
Објавено: среда, 10 октомври 2018
Комисијата за општествени дејности покрена иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветто Ноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2018 година. Според деловникот признанијата 9-ти Ноември се доделуваат на поединци, органи, организации, граѓански организации и заедници чие дело и постигнати резултати се од значење за Општина Велес и нејзината афирмација во земјата и светот. Неопходно е кандидатите за овие признанија делото за кое се предложени да го афирмирале во јавноста. Предложениот кандидат да е жител на Општина Велес или тематски неговото дело да е поврзано за Општина Велес. Наградата за животно дело „Гемиџии“ се доделува на поединци за постигнати резултати во развојот и афирмацијата на Велес во државата и надвор од неа. Предлозите мора да бидат образложени и се доставуваат најдоцна до 31октомври 2018 година.
Комисијата за општествени дејности покрена иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2018 година. Според деловникот Награда се доделува на студент од Општина Велес со завршена најмалку втора година од студиите на некој од универзитетите во Република Македонија и акредитираните универзитети во земјата и странство. Наградата не е делива. Предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ може да поднесе секој граѓанин на Општина Велес и самиот студент. Кандидатот за награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ треба да е жител на Општина Велес и да има просечен успех во текот на целото студирање од најмалку 9,5. Предлозите се доставуваат најдоцна до 31 октомври 2018 година.
Tweet |