Петар Печков
Објавено: недела, 07 јули 2013
Завршија градежните работи на црквата Св. Кузман и Дамјан која се наоѓа во кругот на велешката Болница. Градежните работи ги изврши фирмата ,,Изгрев,,. Црквата се простира на стотина метри квадрати и ќе служи за потребите на пациентите и нивните блиски. Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарската Епархија очекува дека таа повеќе ќе има повеќе радосни отколку тажни моменти.
Очекувам дека овде верниците ќе се собираат повеќе за радосни и весели монети, како што се раѓања и оздравувања а помалку за тажни. Но сето тоа е дел од животот. Овој храм ќе служи и за духовните потреби но и за телесните, сите кои сакаат пред тешки операции да се помолат пред Бога за оздравување. Црквата ќе биде место за плачење но и радоста, бидејќи болницата е место каде се раѓа нов живот, но и каде тој завршува – рече Владиката Агатангел при поставувањето на камен темелникот на црквата на 23 октомври 2011 година.
Владиката Агатангел вели дека сега останува да се доврши најтешкиот дел од изградбата на црквата, пронаоѓање на мајстори за фреско живописување и цртање на икони но и мајстор резбара за иконостасот. Тој не даде рок кога може да се очекува осветување на оваа црква.
Tweet |