Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 март 2012
Во тек е реконструкција на улицата Максим Горки во должина од 550 метри. Од плоштад Којник до Мегдан се менуваат постојните коцки со бехатон плочи. Градежните работи кои ги изведува фирмата ,,Урбан инвест ,, од Кавадарци и работите треба да завршат до Први мај.
Од локалната власт информираат дека векот на употреба на сегашните коцки е минат, откако истите на улицата Максим Горки биле 30-тина години а претходно исто толку, 30 години биле подлога на магистралниот пат Велес - Штип. Згора на тоа сите три страни од коцката биле извртени и таа повеќе не е фукнционална ноту безбедба, поради што општината се решила да ги замени со бехатон плочи.
Предвидено е реконструкцијата да се изведе во пет делници: прва делница од плоштадот „Којник“ до спојот со улицата Питу Гули, втора делница од улицата „Питу Гули“ до спојот со улицата „Даме Груев“, трета делница од спојот со улицата „Даме Груев“ до спојот со улицата „Миле Милевски“, четврта делница од спојот со улицата „Миле Милевски“ до спојот со улицата „Климент Охридски“ и петта делница од спојот со улицата „Климент Охридски“ до спојот со улицата „Кирил и Методиј“
Tweet |