речник контакт

Скопјанец на магистралниот пат Овче Поле- Велес уапсен со 12 бегалци

Мигрантите кои биле од Бангладеш ги превезувал во „порше-каен“

Петар Печков

Неделата на пладне, полиција на дело фатила скопјанец, како превезува мигаранти во негов автомобил.

На 21-ви јуни  околу 11,10 часот во близина на бензинската пумпа на магистралниот пат Овче Поле- Велес, кај место викано „Делисиска пруга“ полициски службеници од Полициска станица Свети Николе го привеле Љ.А.(26) од Скопје кој управувал патничко моторно возило „порше-каен“ со скопски регистарски ознаки во кое превезувал 12 лица-мигранти од Бангладеш. Мигрантите се сместни во ПТЦ„Винојуг“ за понатамошна постапка - информираа од МВР. 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица. По целосно документирање на случајот против Љ.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »