речник контакт

Снимена народна песна стара стотина години

,,Пушти го коработ ле гемиџиче,, по еден век повторно се пее

Петар Печков

Минатата седмица во студиото ,,Ансатасија,, во Скопје заврши снимањето на новата, обновена верзија на македонската народна песна ,,Пушти го коработ ле гемиџиче,,. Песната е дел од старите песнарки на Васил Хаџиманов, таму ја пронашол велешанецот Љупчо Данов.

Текстот за нумерата наменета за Гемиџиите, го препеа токму Данов а ја снимија повеќе велешки музичари, собрани за потребите на оваа песна,  Крсто Џгуров, Стојанче Иванов, др.Ефтим Димитриев и Златко Кајшаров 

Песната е запишана  од Хаџиманов 1937 г. во село Мрежичко, Кавадаречко.   Настанала околу 1910 год., некогаш била пеана, па заборавена.  Крсто Џгуров и Стојанче Иванов направија нов аранжман, а Ефтим и Златко ни се придружија и во тонското студио ,,Ансатасија,, во Скопје, точно на празникот Благовец, се сними песната - обајснува Данов.  

Фолк нумерата ќе  се промовира во деновите пред почетокот на годинешнава Вардарска  Регата  која се одржува  при крајот на месец јуни, во чест на велешките Гемиџии. Веќе е направен омот, испечатено е и изрежано промотивното ЦД а  екипата која ја обнови песанта ,,Пушти го коработ ле гемиџиче,,  се надева дека таа ќе стане своевидна химна на Регатата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »