Петар Печков
Објавено: четврток, 01 октомври 2015
Велешката библиотеката ,,Гоце Делчев, ја започнува акцијата „Подари книга подари светлина“ . Во следните 30 дена, до крајот октомври 31-ви ќе се собираат книги кои граѓаните од било која причина не им се потребни дома. Собраните книги ќе бидат донирани на Училишниот дом ,,Лазар Лазаревски од Велес.
Во текот на работното време на библиотеката, ќе се прибираат книги. Сите граѓани кои имаат книги, кои се прочитани им пречат, можат да ги донесат , ние ќе ги собереме и потоа доставиме до Училишниот дом . Така ќесе овозможи животот на книгите да биде продолжен - рече директорот нa библиотеката Игор Крајчев.
Ова е четврта ваква акција. Во првата беа собрани илјада и тие беа подарени на училиштето во Иванковци и манастирот Св. Јован Бигорски. Во втората акција се собраа четиристотини книги и тие се подарија на СОС Детското село. Од ланската акција илјада и двесте книги беа поделени на Територијалната противпожарна единица од Велес и Центарот за социјални работи.
Tweet |