Петар Печков
Објавено: сабота, 22 јули 2017
Утрово во 9,20 часот на делницата до автопатот А1- Велес – Гевгелија, кај селото Јосифово се случила сообраќана несреќа, во која има еден починат.
Од МВР велат дека во несреќата учествувале две возила со српски национални ознаки, „Тојота авенсис“ управувана од В.С. и „Пежо 308“ кое го возел С.П. Во несреќата на лице место животот го загубила 61 годишната Србинка Д.П., сопатничка во „Пежото“.
Смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош.
Несреќата се случи утринава во 9:20 часот меѓу патнички возила „тојота авенис“ управувана од В.С. од Србија и „пежо 308“ управувано од С.П. исто така од Србија.
Со ова сообраќајка продолжува серијата на тешки несреќи, каде има и починати, кои изминатите денови од летото се случија на автопатот Скопје – Гевгелија.
Tweet |