Петар Печков
Објавено: среда, 08 јануари 2020
МВР соопшти дека понеделникот, на Бадник утрото, автомобил излетал од патот а возачот се здобил со тешки повреди.
На 6-ти јануари околу 07.30 часот на регионалниот пат Богомила -Стари Град, во близина на крстосницата со регионалниот пат Велес- Извор, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.З.(49) од Скопје, излетало од коловозот. Во незгодата со повреди се здобил Д.З. и бил пренесен во Општата болница Велес за укажување лекарска помош- информираа од МВР. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката.
Од ЈЗУ Општа Болница Велес информираа дека на повредениот му е дадена неопходната помош и од денес е пуштен на домашно лекување.
Извршени се томографски снимања, констатирани скршеници на градна коска и ребра. Пациентот беше згрижен на ортопедија, до денес, среда кога е пуштен дома - изјави д-р сци. Тоше Јаковлев, портпарол на велешката Болница.
Tweet |