Петар Печков
Објавено: сабота, 27 април 2013
Утрово околу 7,15 часот на автопатот Скопје – Градско, на клучката кај Велес се случи тешка сообраќајна несреќа. Автомобилот марка ,, поло ,, со скопски регистарски таблички се превртел на коловозот, при што од здобиените повреди на лице место починала Виолета Т. ( 51 год ), додека сопатниците И.Т. ( 27 год) и Б.Т. ( 80 год) со тешки повреди се пренесени во велешката општа Болница.
Од таму информираа дека се вршат испитувања на повредените на компјутерскиот томограф и засега тие остануваат во оваа здравствена установа. Семејството патувало на викенд за Битола, кога има се случила несреќата. Почината е Виолета Т. која седела на совозачкото седиште, повреден е нејзиниот син кој го управувал автомобилот, нејзината мајка која седела назад, додека ќерката и Д.Т. ( 23 год) минала со полесни повреди.
Според МВР до сообраќајката дошло откако возачот И.Т. изгубил конторола над возилото, удрило во заштитната ограда на патот и потоа возилото се превртело на среде автопат. За причините надлежните ќе се изјаснат по извршениот увид кој го работеа истражен судија и јавен обвинител.
Tweet |