речник контакт

Со мотори и возила меѓу пешаците и рекреативците

За грдите навики на дел од сограѓаните

Петар Печков

Сандачето на ТРМР  деновиве се исполни со фотографии од повеќе посетители,  испратени независно еден  од друг, кои имаат иста тема,  како пешачката зона  се користи од  превозни средства.  Сите се фотографирани за продолжениот мајски викенд.  Едните се на пешачките патеки  околу езеро Младост и вторите на паркот кај ОУ Васил Главинов. 

Фамилијарно со децата бевме и на втори и на трети мај на прошетка околу езерото. Но патеките наместо од пешаци се користеа од автомобили. Не ми е јасно, ако веќе одат на излет, да пешачат, како тогаш со коли се упатуваат по патеките. Иако има поставено препреки за да не може да се употребуваат од автомобили, очигледно тоа ен помага - вели велешанец кој како прилог испрати фотографии од освоените  патеки. 

Други посетители реагираат што паркот кај ОУ Васил Главинов во вечерните часови е полигон за мотористи.  

 Наместо место за одмор и мир, тоа е мото патека. Без никаков респект кон децата кои тука играат, кон постарите, овие млади возат со моторите по патеките. Дури и не реагираат на  нашите забелешки  дека  ова не е место за возење, туку за одмор - вели соговорникот. И тој испрати фотографии како прилог за ваквата состојба. 

 И едните и другите бараат  надлежните да застанат на пат на ваквата лоша пракса и непочитувањето на законите.  Оти ниту на патеките на езерото ниту во паркот, не е дозволено возење превозни средства, било да се автомобили или мотори. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »