речник контакт

Со новиот возен ред, утрински воз до Скопје

По барање на вработените воведен е ран утрински воз од Скопје до Велес и обратно, новина во новиот возен ред. ТРМР ви го донесува комплетниот возен ред од и кон Велес

Петар Печков

возен ред   09.12.2012 – 14.12.2013

Со новиот возен ред, новина за велешани кои рано наутро патуваат за Скопје на работа. Во 6.07 часот од Велес тргнува патнички воз за Скопје, кој таму треба да стигне во 7,12 минути. Станува збор за локален кој од Скопје ќе поаѓа во 4 часот а во Велес ќе биде во 4,45 часот. Овој воз е воведен по барање на вработените  кои патуваат рано наутро.

И натаму Велес во железничкиот сообраќај е отсечен од меѓународните линии, кои своевремено го поврзуваа и до Минхен, Љубљана, Атина а последните години до Белград и Солун.  Најмногу композиции има до Скопје 11 а кон Кочани само една  и тоа во попладневните  часови. 

Еве го комплетниот возен ред:
Велес – Скопје  5,11 / 5,40 / 6,07 / 6,33 / 7,30 – експресниот Хераклеа / 7,50  / 11,50 / 14,23 недела не / 15,28/ 18,48 / 21,15 /

За Битола  7,53 / 15,26 / 17,52 – експресниот Хераклеа / 20,27

За Гевгелија 7,56 / 9,52/ 17,41                Од Гевгелија  4,49 / 9,56 / 16,58 /

За Кочани  16,14                                       Од Кочани  5,50

Од Скопје  4,00 / 6,05 / 6,48 / 9,00 / 13,20 / 14,30 недела не / 15,20 / 16,50 / 17,10 Хераклеа / 19,38 /22,40

Од Битола  3,10 /5,30 Хераклеа / 14,25 / 18,35 /

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »