Петар Печков
Објавено: петок, 11 април 2014
Врз основа на Законот за материјално обезбедување, првите решенија за паричен надомест ги добија стечајни работници и лица технолошки вишок. Тие ќе добиваат по 7,1 илјади денари месечно надомест, до пензија и платено здравствено осигурување. Првите пари ќе ги добијат по 20 април.
Ова се првични позитивни решенија за 70- тина лица. Ова не е конечна бројка. Тие ги исполнија петте услови кои Законот ги бара. Продолжуваме со работа на останатите поднесени барања и како тие ќе бидат разгледувани, така ќе им бидат врачувани – рече раководителката на ПЕ на Агенцијата за Вработување Валентина Костенова.
Од 70-тите присутни лица повеќето беа некогашни вработени во АД Лозар, дел од Порцеланка и помалку од Македонки железници. Имаше и еден некогашен вработен во Македонска радио-телевизија.
Условите за добивање на материјален надомест, беа фирмата да биде во доминантна државна сопственост, работниот однос да престанал најдоцна до 2103, да има 25 години стаж, да е корисник на паричен надомест после 7-ми април 2000-тата година, основот на престанок на работниот однос да е стечај, ликвација или технолошки вишок.
Во Велес во рокот има поднесено околу илјада барања за фирмите од Велес, Градско и Чашка.
Tweet |