речник контакт

Сушата го исуши компирот и двојно го поскапи

Производителите предвидуваат дека ќе стигне и до 60 денари за килограм напролет

Петар Печков

 Компирот  основната храна за поголем дел од македонските семејства, годинава е дефицитарен, затоа неговата цена е во нагорна линија.  Сушата го намали родот а ја покачи цената.  Таа беше 20 при крајот на летото, пред  два месеци  а сега достигнува до 40 денари за килограм.  Одгледувачите најавуваат дека е можно да стигне до 60 денари напролет, кога ќе го снема домашниот и ќе мора да се увезува. Земјоделците  во велешко се почесто ја менуваат продажната цена на овој производ. Причина за ова е сушата. На компирот му треба вода а неа годинава ја немаше. Одгледувачите велат дека  родот на компирот  е уништен две третини.

Годинава добив пет тони квалитетен компир додека вообичаено од површините добивав до 15 тони. Сушата го стори своето и  уништи дури и до  две третини  од приносите. Ние и добро поминавме, бидејќи сме на високо па имаше некаков род. Очекувам дека  напролет ќе се продава и по едно евро за килограм. Уште есенва се што имаме ќе продадеме  – вели Шехезивар Садиков земјоделец од  велешкото село Горно Јаболчиште, чие население претежно ја одгледуваа оваа култура.

Потсетуваат дека пред две години, кога компирот исто ака го немаше на пазарите, достигна цена до 50 денари за килограм, а годинава очекуваат дека таа ќе се надмине.  Бидејќи овој крај, на падините од планината Јакупица  е познат по одгледувањето на компирот, прекупците доаѓаат откупуваат, плаќаат и  си заминуваат. Од другата страна на планината, ако се премине сртот се   селата  Ореше и Теово, каде компирот е прва култура. И таму идентична ситуација, тој  се бара како највредно роба.

Оваа година родот на компирите е намален поради сушата која ја зафати цела Македонија,  сите земјоделски краишта, вклучувајќи го и Азот.  Имаме драстично помал род од минатата година но  сепак сме  задоволни и од тие приноси. На големо компирот го продаваме по цена од 25 денари додека на пазарите цената варира од 30 до 40 денари за килограм, задоволни сме од пласманот. Доаѓаат од дома не молат да го продадеме – вели Борис Милановски одгледувач на компир од велешкото село Теово. И кај нив доаѓаат прекупците го купуваат на големо.  Обичниот граѓанин се снаоѓа купува по една вреќа по 15 до 20 кг. додека цената не скокнала повеќе.  Така планира да ја мине зимата.

За два месеци компирот поскапи скоро двојно. Скапа е живеачката ама без компир не се може, тој е најчесто на трпезата.  Го има во повеќето јадења. Сега ќе скратиме малку од него. Земјоделците се жалат дека сушта го уништила родот а ние со истите пари што попрво да купиме – велат велешани. Ни и покрај покачената цена, компирот и натаму е најевтина храна и баран.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »