Петар Печков
Објавено: четврток, 07 октомври 2010
СВР Велес, поднесе кривична пријава против С.Ф. (44) од Велес за сторено кривично дело „тешка телесна повреда„. На паркинг простор кај мотелот „На Велешко„ по завршена семејна веселба настанала тепачка помеѓу Г.Ѓ. од село Извор-Чашка и уште две лица од Велес, а потоа пријавениот со тврд предмет му нанел тешка телесна повреда на Г.Ѓ.во пределот на главата.
СВР Велес, поднесе кривична пријава против П.Д. (27) од Велес, за сторено кривично дело „тешка телесна повреда„. На ул.„Благој Ѓорев„ пријавениот без повод и причина физички го нападнал М.Т. (25) од Велес нанесувајќи му скршеница на вилицата и рамото.
СВР Велес, поднесе кривична пријава против Ф.И. (22), Ш.И. (27), Х.И. (23) и С. Џ. (22) сите од село Бузалково-Велес, за сторено кривично дело „насилство“. Во село Бузалково, пријавените физички го нападнале В.К. (32) од истото село удирајќи го со тупаници и дрвен предмет притоа предизвикувајќи чувство на страв и несугурност кај лицата што биле присутни во моментот на настанот.
Tweet |