речник контакт

Топилница не , партиите едногласни

ТРМР истражуваше, која партија за што ќе се залага за Велес. Сите едногласни Топилница да не проработи, не ја сакаат во сопствениот двор.

Петар Печков

 Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и опозициската партија СДСМ имаат единствен став дека не треба да се дозволи рестартирање на велешката топилница, која со години беше главна причина за загадување на градот. Тоа е заедничка нитка на двете најголеми пaртии, која како идентичен став ја имат и останатите кои атакуваат  со прaтенички листи во ИЕ 3. СДСМ најавува чистење на почвата, додека ВМРО-ДПМНЕ дислокација на ридот со згура. 

Во програмите на политичките партии  за Велес сите  акцент ставаат на економијата, но имаат свој адуит кои ги разликуваат од останатите. ВМРО-ДПМНЕ најавува проширување на ХС Лисиче за наводнување на површините преку реката Вардар во регионот околу езерото Младост. СДСМ ветува гасификација. ЛДП  оживување и вработување преку  старите занаети со формирање занаетчиска улица, ВМРО НП инвестирање со помош на  јавно-приватно партнерство, Обединети за Македонија заживување на двете економски зони во општината.

Албанските партии ДУИ и ДПА, кои во тројката атакуваат на неколку илјади гласачи од околината на велешко ветуваат конечно решавање на инфраструктурата во повеќе села а главна е изградбата на патот до селата Горно и Долно Јаболчиште.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »