Петар Печков
Објавено: четврток, 29 мај 2014
Шестмина лица уапси велешката полиција и сите завршија во притвор, поради сомнение дека се разбојниците кои ограбија две велешки бензински пумпи. Во обемна полициска акција, СВР Велес упаси две групи разбојници, кои имале еден заеднички организатор а нивна мета биле Бензинските пумпи на Макпетрол во градот.
До надлежното обвинителство поднесени се две кривични пријави за ,,разбојништво,, против пет лица и спрема едно малолетно лице- сите од Велес, поради основи за сомнение дека на 29 декември лани и на 26.март годинава од бензински пумпи „Мак Петрол“ лоцирани на улица Алексо Демниевски во центарот на градот и на влезот во Велес, со закана со нож од вработените во двата наврата одзеле вкупно 126 илјади денари. За првиот случај, бензинската кај Градскиот базен уапсени се О.Т (23) , Ѓ.Д. (26) и Ѓ.С. (25) сите од Велес.
Тие 29 декември минатата година во 3 часот влегле во бензинската пумпа и со закана со нож од вработениот одзеле чанта во која имало 42 359 денари. Во вториот случај уапсени се О.Т.(23), С.М. (22) и В.А. (20) сите од Велес, како и малолетникот Р.С. (17) од Велес. Тие на ден 26 март оваа година во 4,20часот од бензинската пумпа на „Мак Петрол“ на влезот во Велес од правец на Штип и со закана со нож од вработената одзеле 84 илјади денари.
Во давете акции се појавува лицето О.Т. како организатор ан групите кои го вршеле разбојништвото. На петте полнолетни пријавени лица од страна на надлежен суд им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Истите се спроведени во Истражен затвор Скопје. Досега овие лица не се пријавувани за кривични дела.
Неодамна беа откриени и двајцата исто така млади лица Л.Т и Д.Ј кои се осомничени за разбојништвото на Бензинската пумпа на Макпетрол на автопат кај Велес од 8-ми мај и тие се во притвор.
Tweet |