Петар Печков
Објавено: четврток, 05 февруари 2015
Ниту сончевото време денеска, четврток, не беше доволно да ги растера честичките ситна прашина. Така, Велес повторно имаше многу загаден воздух со висока концентрација на ПМ 10 кои се движеа околу 200 микрограми на кубен метар, што е речиси 4 пати над максимално дозволените граници. Вчера среда стинале и до 300 мг на м3.
Доколку пет дена континуирано се регистрираат повисоко вредност на суспендирани честички, локалната власт е должна да ги информира граѓаните за ваквата состојба. Метеоролозите за следните денови најавуваат дождови, кои се очекува да го исчистат воздухот во градот.
Tweet |