Петар Печков
Објавено: среда, 14 септември 2022
Во 1/16 финалето до фудбалскиот Куп на Македонија, фудбалерите на ФК Борец елиминирани се од третолигаш. Во Скопје загубија од екипата на ФК Фортуна, која се натпреварува во Третата лига Север.Примија дури пет гола, но утешно е што дадоа три.
Домаќините поведоа во 18 минута, за четири Борец израмни. Потоа серија од три гола за ФК Фортуна. Во средината на вторите 45 минути со два гола велешани внесоа неизвесност, намалија на 4:3. Згора на тоа во 82-та домашен фудбалер доби црвен картон, па тие до крајот играа со 10 играчи. Ниту ова не им помогна на гостите да израмнат, напротив во судиското продолжение примија гол и се зборуваа со Куп натпреварите.
В сабота во 5 коло од првенството на Втората лига, на Градски во Велес, ФК Борец го дочекува тимот на ФК Кожуф.
фото архива
Tweet |