Петар Печков
Објавено: недела, 05 декември 2021
Од 12 септември фудбалерите на ФК Борец немаа забележано победа. Ниту денешната шанса за радост не ја искористија. Водеа на Градски дома, со 1:0 со голот на Ѓорѓевиќ во 36`, 15 минути од финишот имаа играч повеќе, откако гостинскиот Адем доби втор жолт па беше исклучен. Но победа и натаму нема, оти Камара во 67` израмни за ФК Македонија ЃП.
Велешкиот прволигаш по 16 одиграни кола, се повеќе заостанува на табелата и се наоѓа на претпоследното- 11-то место, со скормни 9 бодови. В среда во Битола е дербито на дното, велешани играат со последниот ФК Пелистер, кој има 5 бодови. Ќе се радуваат ли конечно велешките фудбалери?
Tweet |