Петар Печков
Објавено: четврток, 12 мај 2022
Во 17-тото коло oд Третата фудбалска лига Југ, екипата на ДК Превалец дома славеше со високи 11:1 против екипата на ФК Обршани, која е 11-то пласирана од 13 екипи. Резултатот најдобро зборува за тоа што се случувало на теренот во населба Превалец.
По ова коло правалчани остануваат втори на табелата а во следното коло, в недела гостуваат на екипата на ФК Марена во истоименото кавадаречко село. Домаќинот е 8-мo пласиран со 17 бода.
Tweet |