Петар Печков
Објавено: сабота, 03 февруари 2018
Велешката полиција го фати разбојникот кој во четвртокот вечерта нападна старица, ја малтретирал и и одезел пари. Настанот се случи во населба Речани, околу 23 ч. на улица Димитрија Андонов Папрдишки а МВР само кратко информираше дека станува збор за лицето П.Г. (42 год). Затоа пак од велешкото обвинителство со повеќе детали за разбојништвото.
Лицето е осомничено дека со фантомка на главата на 02.02.2018 година влегло во куќа кај жена на возраст од 80 години и и вперило пиштол, барајќи пари. Жената му рекла да си оди и дека нема пари.
Во тој момент, осомничениот го исекол кабелот од фиксниот телефон и ја врзал жената. Од ташна во плакарот одзел 9000 денари и си заминал. Жената успеала да се ослободи и да се јави во полиција. Лицето е лишено од слобода, по што е извршено и препознавање од страна на оштетената.
По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, судија на претходна постапка на осомничениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена поради опасност од бегство и можност да го повтори делото - пишува во писменото соопштение на ОЈО Велес.
Tweet |