Петар Печков
Објавено: среда, 03 февруари 2016
Хабитат ќе ги пребројува постојните згради во Велес, со цел да се подобри квалитетот на домување во колективните станбени згради. Поради ова беше потпишан меморандум помеѓу Хабитат и локалната власт. Од страна на Здружението за хумано домување Хабитат Македонија била изразена иницијатива за соработка со Општина Велес на полето на водењето на Регистарот на станбени згради и Регистарот на управители на станбени згради како и енергетската ефикасност, а исто така и да се формираат совети во подобруваето на квалитетот на домувањето во колективните станбени згради.
Потпишаниот меморандум е за евиденција на колективните станбени згради. Цел е да се подобри квалитетот на домување во колективните станбени згради - изјави Лиле Алчева заменик директор од Хабитат Македонија. Општина Велес се обврза да обезбеди анкетари кои ќе ги посетуваат зградите, во тимови од 2 до 3 во зависност од големината на зградите.
На овој начин ќе обезбедиме информација за староста на зградите,инфраструктурна комуникација, приод, состојба на лифтови, водоводна и електрична инсталација, квалитет на оџаци, алтернативни излези и влезови во случај на опасност. ќе добиеме комплетна слика за зградите од повисока катност - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.
Така станарите ќе имаат информации за енергетска ефикасност или стиропорна заштита, смена ако има азбесни плочи на крововите, громобрани ако останале. Анкетата ќе трае 4 месеци, по што податоците ќе бидат соопштени на јавноста.
Tweet |